Претседателот на руската компанија "Газпром", Алексеј Милер вчера беше во посета на Македонија при што се сретна со македонскиот премиер, Никола Груевски. По средбата од владината прес-служба известија дека соговорниците разговарале за понатамошната реализацијата на проектот "Јужен тек" и конкретните чекори за негова операционализација, при што били истакнато дека по ратификацијата на потпишаниот договор за вклучување на Република Македонија во "Јужен тек", ќе се премине кон формирање на мешовито претпријатие помеѓу двете страни согласно договорот што ќе ги спроведе понатамошните чекори во реализација на плановите и проектот.
Претседателот на руската компанија "Газпром", Алексеј Милер вчера беше во посета на Македонија при што се сретна со македонскиот премиер, Никола Груевски.
По средбата од владината прес-служба известија дека соговорниците разговарале за понатамошната реализацијата на проектот "Јужен тек" и конкретните чекори за негова операционализација, при што били истакнато дека по ратификацијата на потпишаниот договор за вклучување на Република Македонија во "Јужен тек", ќе се премине кон формирање на мешовито претпријатие помеѓу двете страни согласно договорот што ќе ги спроведе понатамошните чекори во реализација на плановите и проектот.
- Анализите и проекциите покажуваат дека со изградбата на инфраструктурата за природен гас значително ќе се зголеми потрошувачката на природниот гас која е сега на пониско ниво, што ќе доведе до поголема потрошувачка на природниот гас и може да резултира со пониска цена на гасот - било констатирано на средбата.
Премиерот Груевски го информирал Милер дека во скоро време се очекува да се склучи договор со руската компанија "Стројтрансгас" по што би се започнало со изградба на инфраструктурата за природен гас во внатрешноста на земјата и со што ќе се овозможи пристап до гас на многу компании и домаќинства во земјава. Претседателот на "Газпром" истакнал дека Македонија е влезена во развојните планови на "Газпром", при што било истакнато дека покрај постоечките планови и проекти пројавува интерес во иднина да ја разгледа можноста и за други инвестиции во Република Македонија.